во , ,

Колку години имала Цеца кога се омажила за Аркан?

“МЛАДА се омажив…”

Цеца Ражнатовиќ била мажена за Жељко Ражнатовиќ и со него има две деца.

Вељко и Анастасија се нејзината најголема љубов и ги одгледувала со сета своја грижа.

Купи Маица

Цеца била многу млада кога се омажила, додека Жељко бил значително постар од неа. Сепак, тоа не ги спречило да развијат силна емотивна врска.

Пејачката е родена 1973 година, а Жељко 1952 година. Нивната венчавка беше прогласена за свадба на векот, а се случи во 1995 година. Во тој момент, Цеца имала само 22 години, а Жељко дури 43 години. Тој бил постар од неа дури 21 година.

Цеца неодамна гостуваше на телевизија К1 каде што ја отвори душата за својот брак.

– Млада се омажив. Запознав човек кого многу, многу го сакав и покрај кого се чувствував како принцеза на зрно грашок. Ме чуваше, ме пазеше, ми помагаше во мојата кариера. Јас бев неговата најголема љубов, како и тој моја, рече пејачката.

– И тој, едноставно, беше исклучително нежен човек. Што и да зборувале и велеле за него, јас со него легнував и станував. Човек кој беше прекрасен татко, тоа не може да биде некој кој е лош човек. Тој човек уживаше да ме гради. Јас имав 20 години кога го сретнав, тој имаше 41. Едноставно, од тоа како ќе го држам телото додека седам на стол или на тросед, до тоа што ќе облечам, како ќе изгледам, ме обликуваше. Тој уживаше да работи на мене, а јас бев добар ученик, додаде искрено.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

БРУТАЛНО ИСКРЕНО: Жена признава – бракот со богаташ ми го смени животот (за добро или за зло?)

НЕУТРАЛНА ШВАЈЦАРИЈА СЕ ВРТИ КОН ЕУ? Сè поради потегот на Трамп