Холандскиот личен тренер и инфлуенсер Едсон Брандао има 53 години и ги збунува и воодушевува сите корисници на Инстаграм со неговиот младешки изглед.
Еден зрел човек кој тврди дека не поминал низ естетски процедури, не пие и ниту пуши. Тој пие само минерална вода, два литра на ден, пренесува Дејли Меил.
https://www.instagram.com/p/CC6nYHJgBco/?utm_source=ig_embed
Како што вели, својата младоликост ја должи на начинот на живот кој вклучува избегнување на шеќер, преработена и пржена храна.
https://www.instagram.com/p/CDel38RgjCp/?utm_source=ig_embed
Тој отсекогаш бил самоуверен, а истакнува дека сега има повеќе енергија од кога и да било, заради секојдневно тренирање, здрава исхрана, нега на кожата и позитивен начин на размислување, за кој посочува дека е тајно оружје на неговата младост.
https://www.instagram.com/p/CC0hr-OAqIm/?utm_source=ig_embed
Едсон се надева дека со споделување на своите тајни, тој ќе ги охрабри другите луѓе да го променат нивниот животен стил.
„Никогаш не сум имал пластична операција во животот. Успеав на природен начин да го сочувам изгледот, благодарение на здравата храна, овошје, зеленчук и конзумирање на многу вода, рекол тој, додавајќи:
https://www.instagram.com/p/CDWrS87gOiX/?utm_source=ig_embed
„Користам креми против стареење секој ден за да одржувам младешки изглед. Моето тело го гледам како храм каде што живее мојата душа. Па затоа се грижам за овој скапоцен подарок од Бога. Се чувствувам како да имам иста енергија како и во моите 20-ти. Да бидам искрен, се чувствувам подобро од кога било досега “.
Вели дека другите луѓе не можат да поверуваат дека тој има 53 години. Кој го запознава, мисли дека сè уште е во своите дваесетти години.
https://www.instagram.com/p/CC_cpccAHFR/?utm_source=ig_embed
„Првиот чекор во одржувањето на младоста е да се прифатите себеси и да се сакате себеси. Вие сте добри какви што сте. Потоа, создадете дневна рутина за нега на кожата, вежбање, здрава исхрана и внесување на течности. Бидете оптимистични”, заклучува Едсон.
https://www.instagram.com/p/CC8zxKOAUAf/?utm_source=ig_embed
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден