Командирот на станицата во ноќно време го гледа полицаецот
гол на работа му пришол и му вика:
– Колега зар вака ли се оди на работа?
– Командире можам да ви објаснам што се случи и зашто сум гол.
– Ајде…!
– Епа вака бев на журка и се собравме цело друштво
и после тоа некоја девојка рече „сите машки соблечете се“ и
видов сите се соблекоа и ја се соблеков и после рече некоја
„сите женски соблечете се“ и сите се соблекоа и после некоја
од таму го изгаси светлото и рече
„е сега мажи на работа“, и еве јас дојдов….