во ,

Конечно непобивлива фотографија: Руски космонаут „докажа“ дека Земјата е рамна

Рускиот космонаут Иван Вагнер, кој е дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS), на 1 април се пошегува со приврзаниците на теоријата за рамна Земја.

Тој на својот Телеграм канал сподели фотографија на која се гледа модел на рамна Земја, поставена на грбот на три кита, со нашата вистинска планета во позадина.

Купи Маица

„Први април – Ден на шегата. Можеби најдобрата можност за потсмев кон приврзаниците на теоријата за рамната Земја! Овој пат, со мене во вселената на „просветлување“ полета и моделот на „Земјата на древна Русија“ – три кита што носат рамен диск, односно Земјата“, напиша Вагнер.

Тој исто така потсети дека на својата претходна мисија со себе понел модел на рамна Земја според древните индиски верувања – желка со три слонови на грбот. Вагнер изрази благодарност до Олег Блинов, кој ги изработил двата модели.

Рускиот пробен космонаут и херој на Русија, Олег Артјомјев, претходно изјави дека на теориите за рамна Земја треба да се одговори со хумор, истакнувајќи дека постојат луѓе кои се сомневаат дури и во летот на Јуриј Гагарин во вселената и слетувањето на Американците на Месечината.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ако утре ме нема“: Андријана Јаневска тага и болка го испеа хитот на ДНК

Трамп, што правиш?! Американците излезени од кожа, снимката ги запали мрежите: Повторно се случи шокантна ситуација!