Пожар во ноќен клуб однесе 53 животи, а над стотина луѓе се повредени.
Според најновите и за жал, трагични информации, пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани заврши со загуба на 53 човечки животи Покрај тоа, над стотина други лица се здобиле со повреди, при што дел од нив се наоѓаат во сериозна или критична здравствена состојба.
Министерството за здравство излезе со официјални податоци за распределбата на повредените по скопските клиники:18 лица се хоспитализирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.8 лица се на лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).4 деца се згрижени на Детската интензивна нега.2 лица се на Клиниката за неврохирургија.1 лице е исто така на Клиниката за неврохирургија.
Дополнително, 18 лицасе лекуваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.
Повредените со полесни повреди се згрижени во болниците во Кочани и Штип. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје, д-р Небојша Настов, изјави дека досега кај нив се донесени 27 повредени лицаи сите се во процес на обработка, најавувајќи повеќе информации во текот на денот.
„Видов многу мртви тела и стотици повредени. Не можете да замислите какво е чувството да прескокнувате преку телата на загинатите за да ја најдете сестрата“, изјави со потресен глас постар брат на едно 16-годишно девојче пред Клиничкиот центар во Скопје.
Како најверојатна причина за избувнувањето на пожарот се споменува неправилна употреба на пиротехнички средства.
Несреќата се случила за време на настапот на популарната македонска музичка група ДНК во кочанската дискотека.
Членот на групата, Панчо, во моментите на паника им се обратил на присутните со зборовите:Одете надвор!, додека во позадина се слушале панични крици и турканици.Од аматерските видео снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види дека огнот брзо почнал да се шири, зафаќајќи ги рефлекторите на плафонот.
Повредените од пожарот беа итно транспортирани до болниците во Штип, Скопје и Охрид.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден