во ,

Кој вели дека учењето не може да биде забавно?: Наставник од Тузла стана сензација на социјалните мрежи

Наставникот по англиски јазик Дамир Хусановиќ од Тузла стана вистинска сензација на интернет поради начинот на кој предава.

На својот Фејсбук профил тој објавува интересни видео снимки од основното училиште во кое предава, а истите бележат голем број реакции и исклучително позитивни коментари.

Купи Маица ❤

Хусановиќ на забавен начин ги учи децата – песните, танцот, глумата и играта се составен дел од редовната настава која ги воодушевува сите, особено учениците.

„Моите часови се класични и механички по сите методички стандарди. Она што понекогаш ги прави поинакви се љубовта, енергијата и бескрајната емпатија кон децата кои на своите малечки гради понекогаш ја носат целата тежина на босанскиот живот. Нашите родители најдобрите години ги поминале во војни, оковани со пушки по босанските брда. Ние имаме механизми со малку поинакви битки да го менуваме светот со добрина“, напишал наставникот на Фејсбук.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

30 Најмалоумни прекршувања на безбедноста што луѓето ги забележале на работа

15-метарски кит допливал до жена среде океан: Дрон снимил фасцинантен момент на блиска средба