Москва категорично одбива какво било присуство на војници од НАТО во Украина под превезот на мировни сили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека одредени европски сили, предводени од Велика Британија, активно работат на ескалација на украинскиот конфликт.
Според Лавров, овие сили не само што сакаат продолжување на кризата, туку и свесно ја подгреваат ситуацијата, подготвувајќи терен за поагресивен пристап од страна на Вашингтон кон Русија.
„Начинот на кој Зеленски беше пречекан во Лондон, веднаш по неговиот скандал во Вашингтон, јасно покажува дека тие играат на картата на ескалација и подготвуваат провокации кои би ја принудиле администрацијата на Трамп да повлече остри, агресивни потези против Русија“, објасни Лавров.
Урсула фон дер Лајен – „фирер“ на ремилитаризацијата на Европа
Во својот остар говор, рускиот министер за надворешни работи не се воздржа од критики кон претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нарекувајќи ја „фирер“ поради нејзината улога во, според него, забрзана ремилитаризација на Европа.
„Ситуацијата драстично се промени кога украинскиот режим го вгради членството во НАТО во својот устав, истовремено занемарувајќи ги гаранциите за националните малцинства. Тие недвосмислено порачаа дека нивната иднина е цврсто врзана за НАТО и ЕУ. Во времето кога првпат почнаа да зборуваат за тоа, Европската унија сè уште делуваше како економска заедница, но денес таа карактеристика е речиси целосно изгубена. „Фирерот“ Урсула е главниот двигател кој ја мобилизира Европа кон ремилитаризација“, категоричен беше Лавров во интервју за американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано.
Лавров потсети дека и самиот Доналд Трамп претходно потврдил дека проширувањето на НАТО е една од клучните причини за украинскиот конфликт, бидејќи тоа претставува директна закана за руската безбедност.
„Значењето на Украина за безбедноста на Русија е далеку поголемо од значењето на Гренланд за безбедноста на САД. Веќе ги споменав искоренувањето на рускиот јазик, медиумите и културата во Украина, забраната за работа на опозициските партии и медиуми, како и исчезнувањето и убиствата на новинари, да не зборувам за злосторствата во Донбас кои започнаа веднаш по пучот“, нагласи Лавров, осврнувајќи се на длабоките корени на кризата.
Искоренување на основните причини – клучот за решение
Според рускиот министер, секој сериозен обид за разрешување на кризата во Украина мора да биде фокусиран на елиминирање на нејзините основни причини, а не само на справување со последиците.
Лавров исто така изрази загриженост во врска со наводната намера на САД да го препуштат лидерството во форматот „Рамштајн“ на Велика Британија. Овој формат, формиран од група западни земји, служи за координирање на испораката на оружје за Украина.
„НАТО имаше клучна улога во форматот „Рамштајн“ предводен од САД за време на мандатот на Џо Бајден. Сега, според моите информации, Американците сакаат да го „предадат“ водството на Британците“, оцени Лавров, предупредувајќи дека „Европјаните не само што не ги намалуваат напорите за вооружување на Украина, туку напротив, ги интензивираат и бараат уште поголема поддршка, станувајќи сè поупорни и, би рекол, понервозни“, заклучи Лавров, потенцирајќи ја загрижувачката динамика на меѓународната сцена.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден