во

Лазаров по убедливата победа: Горд сум на мојот тим, нема место за опуштање

Тимот на Алкалоид ја забележа значајната победа од 11 голови разлика против литванскиот Драгунас Клаипеда, со што го отвори патот кон следната рунда во ЕХФ Европскиот куп. Тренерот Кирил Лазаров не го крие задоволството, но предупредува дека нема простор за опуштање пред реваншот.

„Горд сум на моите играчи. Имам голема почит кон Драгунас, уште пред натпреварот реков дека се добар тим. Никој не очекуваше толку убедлива победа од 11 разлика, но тие остануваат опасни. Треба да бидеме претпазливи и да имаме вистински пристап во реваншот, бидејќи и таму ќе одиме на победа. Не смееме да дозволиме изненадувања“, изјави Лазаров.

Следниот натпревар ќе биде од клучно значење за Алкалоид, кој се наоѓа на чекор до пласман во следната фаза на европското натпреварување.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моден триумф на Северина: Во Сараево покажа што значи стил и сексапил

Дали вирусот на птичји грип може да се пренесе на луѓето и колку е опасен?