во ,

ЛИДЛ отвара во Македонија: Еве кога…

По долго исчекување, македонските граѓани наскоро ќе имаат можност да пазаруваат во маркетите на германскиот гигант ЛИДЛ.

Овој најголем европски малопродажен синџир за храна веќе подолго време најавува влез на македонскиот пазар, а сега се чини дека тоа ќе се случи во 2026 година, според неофицијални информации.

ЛИДЛ, кој е дел од групацијата SCHWARZ со седиште во Германија, започна со својата успешна приказна во далечната 1973 година.

Од тогаш, со својата едноставна филозофија – клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени достапни за секого – ЛИДЛ се прошири во 32 земји, со над 11.550 продавници и повеќе од 341.000 вработени.

Во Македонија, ЛИДЛ веќе направи значајни чекори кон реализација на своите планови. Пред две години компанијата беше официјално регистрирана во земјата, а нејзиното работење ќе го координира бугарската филијала.

Во јануари годинава започна и изградбата на модерен логистички и дистрибутивен центар во вредност од 80 милиони евра, кој ќе служи за снабдување на сите ЛИДЛ маркети во државата.

Првиот маркет на ЛИДЛ во Македонија се очекува да биде отворен на локацијата на поранешниот продажен центар „Бриколаж“ во Скопје, кој ЛИДЛ го купи од „Скопски пазар“. Покрај Скопје, ЛИДЛ официјално има купено парцели и во Кавадарци, Битола, Штип, Гази Баба, Тетово, Кичево и Велес, што најавува сериозна експанзија на овој трговски ланец во земјата.

Интересно е што ЛИДЛ во следните неколку години планира да ги отвори своите први продавници и во Босна и Херцеговина, што покажува на регионалната амбиција на компанијата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПУТИН СО ОСТРА ИЗЈАВА: Руската армија ќе ги ДОКРАЈЧИ украинските сили!

ЗОШТО МАЈКА Ѝ УДРИЛА ЌОТЕК НА СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА? Смешна случка од детството на водителката!