во

Лила си ја исполни желбата: Роденденско лето во октомври (фото)

Лила Филиповска, познатата водителка и инфлуенсерка, по успешното снимање на неколку епизоди од 14-тата сезона на гејм-шоуто „Се или нешто“, одлучи дека е време за мала пауза. Иако емисиите се веќе подготвени и чекаат на својата премиера, на Лила брзо ѝ здодеа од работните обврски и реши да си го разубави месецот октомври со уште едно патување.

Октомври е месец на Лила, а по минатогодишниот роденден во Венеција, оваа година одбра нова дестинација – Малта. Како личност која никогаш не се откажува од уживање и патување, Лила, на своите 53 години, го живее животот на свој начин, постојано во потрага по нови искуства и места за истражување.

Со уште една нова авантура пред себе, оваа пат за својот роденден реши да го почувствува „летото“ во октомври на сончевата Малта, каде што го прослави со капење и уживање во идеалната температура. Секако, не пропушти да ги сподели овие моменти на социјалните мрежи, пренесувајќи поздрави од прекрасната островска земја.

Со костим за капење, сонце и добро друштво, Лила имаше сè што ѝ е потребно за совршен роденден. Среќен роденден, Лила!


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три децении љубов: Билјана Дебарлиева и сопругот го прославија јубилејот (фото)

Ивона Талевска се враќа на ТВ: По „Сител“, ќе ја гледаме на нова телевизија