во ,

Литванија со сценарио за најлошото: План за евакуација во 48 часа

Властите во главниот град на Литванија во средата го објавија официјалниот план за евакуација на населението во случај на војна, поради стравувањата дека Русија би можела да го насочи вниманието кон балтичките држави, вклучувајќи ја и Литванија – поранешна советска република.

Градоначалникот на Вилњус, Валдас Бенкунскас, соопшти дека трите главни рути за евакуација се насочени кон запад, бидејќи, како што истакна, „непријателот историски секогаш доаѓал од исток“. Тоа го изјави на прес-конференција.

Купи Маица

„Не сакаме да шириме паника“

„Целта не ни е да ги исплашиме граѓаните. Сакаме да бидеме подготвени, да имаме јасна координација меѓу институциите, да знаеме кој за што е одговорен и да имаме доверба во нашите одбранбени сили. Се надеваме, се разбира, дека овој план никогаш нема да биде применет“, изјави Бенкунскас.

Тој додаде дека во текот на годината ќе се организираат големи вежби за евакуација на населението во случај на вонредна опасност.

Блискоста со Белорусија и заканата од Островец

Вилњус се наоѓа на само 30 километри од границата со Белорусија, земја која Русија ја користи како стратешка база, вклучувајќи го и периодот на инвазијата на Украина. Русија и Белорусија во септември ќе одржат заеднички воени вежби под името „Запад“, на кои во минатото учествувале десетици илјади војници во близина на границите со Полска и балтичките земји.

Според градските власти, целиот Вилњус, со над 600.000 жители, може целосно да се евакуира во рок од 48 часа.

Планот за евакуација предвидува и мерки во случај на природни катастрофи, како и евентуален инцидент во нуклеарната електрана Островец во Белорусија, која Русија ја изгради на околу 50 километри од литванската престолнина.

Литванските власти веќе спроведоа вежби за деконтаминација и дистрибуираа таблети со јод на жителите на Вилњус како претпазливост во случај на нуклеарен инцидент во Островец.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЦЕЦА ИМ ИЗГРАДИ ВИЛА, А РОДИТЕЛИТЕ ЖИВЕАТ СКРОМНО ДО НЕА: Неверојатната приказна и КОНТРАСТ од Житораѓа!

ИТАЛИЈАНЕЦ НА ЦРТАТА: Новак Ѓоковиќ го дозна ПРВИОТ РИВАЛ на Мастерсот во МАДРИД!