во

Лука Модриќ го воодушеви интернетот: Ќерката го нашминка за роденденска фотосесија

Лука Модриќ, еден од најпознатите фудбалери во светот, повторно ги освои срцата на своите обожаватели, овој пат со топли семејни моменти. На Инстаграм сподели фотографии по повод седмиот роденден на својата најмлада ќерка Софија, кои брзо станаа хит на социјалните мрежи.

Модриќ објави слика која ги насмеа неговите следбеници – неговата ќерка го нашминкала, а тој гордо ја сподели сцената со светот. „Среќен роденден на моето малечко ангелче, кое понекогаш е и мој шминкер. Многу те сакам,“ напиша Лука во описот на објавата.

За помалку од еден час, постот доби скоро 400.000 лајкови и многу коментари полни со поддршка и смеа од неговите фанови.

Оваа емотивна и забавна глетка само ја потврдува блиската врска меѓу фудбалската ѕвезда и неговото семејство, покажувајќи дека, покрај сите негови спортски успеси, таткото Модриќ има посебно место во срцата на своите деца.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моника Белучи на 60 години – Погледнете како се развиваше убавината на оваа филмска икона

Ирански амбасадор со закани: Ако Израел нападне повторно, одговорот ќе биде уште пожесток