во , ,

Мажот се буди мамурен. Отвора очи и на масичката гледа чаша вода и два аспирина…

Мажот се буди мамурен. Отвора очи и на масичката гледа чаша вода и два аспирина. Покрај креветот гледа испеглана облека, потоа погледнува околу и гледа дека целата куќа е чиста и средена! На масата во кујната гледа лист на кој пишува:

– Драги, отидов на шопинг. Појадокот е во рерната, спортските вести се на масата. Твојата жена!

Тогаш доаѓа и синот и мажот го прашува што се случило минатата ноќ.

Синот одговара:

– Ах, ништо, дојде околу 3 часот наутро, пијан како земја, се сопна на скалите и ја разби мамината најомилена вазна и поврати во ходникот, па удри во вратата и сега имаш модрица на окото!

– Леле, но кажи ми зошто сега е сè така средено и мама не е лута?

Синот објаснува:

– Па, кога мама те одвлече во спалната соба и се обиде да ти ги соблече панталоните, ти рече:

– Госпоѓо, пуштете ме на мира, јас сум оженет!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Синот ја прашува мајката…

Ник Џонас сподели слики од неговиот одмор, а еден детал за телото на Пријанка стана вирален