Маж и жена купиле плакар. По два дена жената го повикала мајсторот да го погледне плакарот бидејќи многу шкрипел.
Мајсторот го погледнал и објаснил дека шкрипи затоа што плакарот вибрира секој пат кога ќе помине трамвајот.
Мајсторот потоа влегол во плакарот за точно да утврди каде шкрипи.
Токму во тој момент доаѓа мажот од работа, го соблекува сакото, го отвора плакарот и се избезумува.
-Што правиш ти тука? – му се развикал на мајсторот.
– Не знам дали ќе ми веруваш, но ете, чекам трамвај.