во ,

Маж и жена пазареле цело утро, излегуваат од трговскиот центар…

Маж и жена пазареле цело утро, излегуваат од трговскиот центар, и гледаат дека нивниот автомобил го нема. Одат во полицијата и 2 часа даваат изјава.

Полицијата ги превезуваат назад до трговскиот центар за да побараат некој доказ на лице место. За големо изненадување автомобилот е на истото место како и плик со порака и два билети за џез концерт на шофершајбната:

– Илјада пати извинете! Жена ми се пораѓаше, итно ми требаше автомобил! Ви оставам два билети за концертот вечерва. Се надевам дека со ова ќе ми простите за
непријатностите!

На мажот и жената веднаш им се насолзуваат очите, им се враќа довербата во луѓето. Одлучуваат да ги искористат билетите и да ја прослават убавата вест.

Вечерта, по концертот, се враќаат задоволни и среќни… што да видат куќата им е ограбена, а колата пак украдена. На масичката во дневната наоѓаат порка:

– Јас ја обезбедувам иднината на новороденчето… Имам два билети за во сабота… ама сигурно не ви е до балет… нели?!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Приказната за Аса Григс Кендлер: Основачот на Кока-Кола и визионерот кој ја трансформира светската индустрија

Животните во шумата зборувале многу вулгарно. Ги собрал лавот и им забранил…