Американската крајбрежна стража спаси човек кој плутал на фрижидер, цели 50 километри од брегот на Флорида, откако ураганот Милтон ги погоди крајбрежните води. Драматичното спасување било снимено, при што спасувачите се спуштиле од хеликоптер и пливале до човекот кој клечел врз фрижидер во водите на Мексиканскиот Залив.
Спасениот бил веднаш префрлен во Општата болница во Тампа, каде му била укажана неопходна лекарска помош.
„Преживеа нешто што за повеќето морнари би било ноќен кошмар“, изјавила поручник Дана Гради од Крајбрежната стража на САД. Според неа, човекот бил изложен на ветрови од 120 до 145 километри на час, а неговиот живот бил спасен благодарение на спасувачки елек, уредот за лоцирање и, неочекувано, на фрижидерот кој му служел како пловило.
#Breaking An @USCG Air Station Miami 65 helicopter crew rescued a man clinging to a cooler approximately 30 mi. off Longboat Key.
The man was taken to Tampa General Hospital for medical care.
Sector St. Pete lost communications w/ the man at approx. 6:45 p.m., Wed. #SAR pic.twitter.com/64wSHuRAeH
— USCGSoutheast (@USCGSoutheast) October 10, 2024
Инцидентот се случил рано наутро додека тој го поправачувал својот брод. При враќањето кон пристаништето наишол на силни ветришта, а временските услови брзо се влошувале како што ураганот се приближувал. Иако Крајбрежната стража го советувала да остане покрај радиото и да облече спасувачки елек, контактот бил изгубен околу 18:45 часот.
Потрагата започнала во 5:30 наутро, и по неколку часа, тимот успеал да го пронајде и спаси.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден