во

Македонија повторно ќе ја пропушти Евровизија – нема настап на натпреварот во Базел

На Евровизија 2025, која ќе се одржи во Базел, Швајцарија, Македонија повторно нема да има свој претставник. Ова е трета година по ред без учество на Македонија, откако во буџетот на Македонската радио-телевизија (МРТВ) за 2025 година не се предвидени средства за учество на оваа музичка манифестација.

Последниот пат кога Македонија настапи на Евровизија беше во 2022 година, кога Андреа Коевска ја претставуваше земјата со песната „Circles“. Иако земјата нема да се натпреварува оваа година, МРТВ потврди дека настанот ќе биде пренесуван во живо за македонската публика.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Божиќни маркети низ Европа: Започнете со плановите за зимско патување

Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Естонија и Литванија