во ,

МАКЕДОНИЈА последни избори…

МАКЕДОНИЈА последни избори:

На избирачко место доаѓа средновечен човек да гласа. Како што е редот дава документ за идентификација зема ливче, гласа, го става во кутија.

Прашува кој е претседател на Комисија на тоа избирачко место. Се јавува еден господин:

– Јас сум претседател !

– Ќе може ли да ми дадете еден стол да седнам до врата.

– Може, вика претседателот и му даваат стол.

Човекот седнува на стол и така поминуваат триесетина минути, членовите на комисијата се погледнуваат во очи и се чудат. Гледајќи ја ситуацијата, претседателот го
прашува:

– Како сте, сеуште ли ви е лошо?

– Подобро никогаш и не ми било, многу се радувам за оваа средба.

– За каква средба, не ве разбирам?!

– Па чекам да дојде таткоми да гласа.

– Требало заедно да дојдете , стар човек е сигурно а и тука не е место да се чекате.

– Точно господине во право сте, стар човек беше, ама одамна е починат.

– Мислам се шегувате, како може починал а да гласа?

– Па како можеше на претходните избори да гласа, а јас да не го видам? Денес сигурно ќе гласа во 19 часот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За почеток, сега кога ќе излезеш од црква дај 20 евра на првиот…

Tрпана била многу болна, пред умирње. Трпе седнал покрај неа и почнал да ја теши…