во

Македонија тргнува кон ЕП 2026: Ракометарите стартуваат квалификации

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започнува квалификациите за Европското првенство 2026 година. Под водство на селекторот Кире Лазаров, нашите ракометари ќе се борат за своето деветто учество на ова престижно натпреварување, кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Во групата, Македонија ќе ги одмери силите против репрезентациите на Словенија, Естонија и Литванија. За пласман на шампионатот, потребно е да се биде меѓу најдобрите две селекции во групата, со што автоматски се обезбедува билет за Европското првенство.

Вечерва, од 20 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, „црвено-жолтите“ ќе се соочат со Естонија во првиот меч од овој квалификациски циклус. Четири дена подоцна, македонските ракометари ќе патуваат во Литванија за вториот натпревар од групата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска е денот на Светиот маченик Арета – симбол на вера и истрајност

Огромен пожар во Безистенот во Струга: Интервенција на десетина пожарникари