Во трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога дел од бетонската настрешница се урна врз група граѓани, загинаа 14 лица, меѓу кои и еден македонски државјанин. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето изрази длабоко сочувство и емотивно ги повика граѓаните на солидарност и поддршка за семејствата на настраданите.
„Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините на загинатите. Секој одговорен за оваа трагедија ќе биде повикан на одговорност и најстрого казнет,“ истакна претседателот, барајќи детална истрага и преземање на правни мерки против одговорните.
Трагедијата се случи денеска околу 11:50 часот, кога бетонскиот покрив над клупите на железничката станица се урна врз луѓето што чекале на перонот. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека истрагата е во тек и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите детали.
Тројца повредени се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Војводина, додека идентификацијата на некои од загинатите сè уште е во процес.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден