Македонскиот репрезентативец Филип Стојанов е повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ова го потврдија од „Ипон.мк“. Тоа е единствениот специјализиран портал за боречки вештини во Македонија.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска даде изјава. Тој рече дека лекувањето на 115 повредени во пожарот во Кочани е бесплатно.
Таравари апелираше да нема шпекулации и невистини за плаќањето на лекувањето на повредените.
„Генерално, 99 отсто сигурни сме дека е бесплатно и нема потреба никој да собира пари. Дури како Влада обезбедивме и по двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се вратат. Владата ќе им плати пат и сместување во сите држави каде што се сместени повредените. Нема потреба за шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава нешто да е побарано, но, генерално, е бесплатно“, истакна Таравари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден