На денешен ден, 5 октомври 1878 година, започна Македонското Кресненско востание, еден од најзначајните настани во борбата за слобода на македонскиот народ. Водачите Димитар Поп Георгиев Беровски и дедо Иљо Малешевски ги поведоа востаниците кон отпор против османлиското ропство, покажувајќи ја непокорот и силата на народот. Ова востание го симболизира стремежот на Македонија за независност, обединување и слобода, и претставува траен спомен на храброста и жртвите на нашите предци во борбата за својата земја.