во ,

Марија од Кочани: „Прво мама, сега ти сестро, која е мојата судбина?“

Марија Тасева, млада девојка од Кочани, за влакно го избегна смртоносниот пламен во дискотеката „Пулс“. Но, среќата не беше на нејзина страна кога дозна дека нејзината сестра Лепа е меѓу многуте жртви на оваа ужасна трагедија.

Со срце полно со болка, Марија преку својот профил на социјалните мрежи се прости од својата сестра. Нејзината емотивна порака ги допре многумина, откривајќи ја длабочината на нејзината тага и неверување.

-Не требаше вака да биде сестричке, твоите најубави години штотуку започнуваа. Се вратив во диското за да те најдам, но не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да можев, можеби ќе успеев или ќе изгоревме заедно, но барем ќе бевме една до друга. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми велеше дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш и ќе бидеш покрај мене. А сега, на толку неочекуван начин, нѐ напушти. Да знаев дека тоа ќе биде последниот пат кога ќе те видам во диското, силно ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка е неподнослива. Ја закопавме мама, а сега и тебе те закопувам, каква судбина ме чека на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, моја непреболна рана…бидете силни со мама горе, ВЕ САКАМ НАЈМНОГУ“, напиша Марија.

За време на паниката и евакуацијата од дискотеката, Марија се здобила со повреди откако паднала во метежот, а другите луѓе кои панично се обидувале да се спасат газеле врз неа.

Пролетен Попуст

Трагично, ова не е прва голема загуба за Марија. Нивната мајка, Танкица Младеновска (46), беше брутално убиена на 25 септември 2023 година, пред нивниот семеен дом.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Херојот од Кочани се враќа дома: Јован Костадинов закрепнува по пожарот!

Зад кулисите на „Пулс“: Шанкер на хартија газда, вистинскиот сопственик мистерија?