во ,

Марија славела роденден во Дубаи, а потоа исчезнала: Ја држеле како робинка, ѝ го скршиле ‘рбетот и ја фрлиле покрај патот

Вестите за трагичен настан во Дубаи ја вознемирија јавноста. Дваесетгодишната Украинка Марија Ковалчук е пронајдена на периферијата на патот. Таа имала скршени раце, нозе и ‘рбет. Нејзините најблиски се сомневаат дека била жртва на сексуално ропство.

Марија исчезнала на 11 март. Престанала да се јавува на семејството. Според блиски луѓе, неколку дена била заробена. Била силувана и на крајот исфрлена на улица.

Инсајдери откриваат дека Ковалчук на 9 март, на својот роденден, отишла на луксузна забава со шеици. Следниот ден последен пат разговарала со мајка си. Ѝ рекла дека оди во хотел со непознати мажи. Нејзината мајка веднаш забележала дека гласот на Марија звучи збунето и исплашено. После тој повик, за неа немало никаква трага – сѐ до ужасното откритие.

Сега е во болница во тешка состојба. Не може ниту да зборува. Веќе поминала четири операции.

Предупредување до жените

Трагедијата ја коментираше и познатата јавна личност Јекатерина Гордон. Таа преку Телеграм испрати предупредување до сите жени:

„Скандалот со забавите ‘Порто Парти’ во англиското говорно подрачје трае веќе повеќе од една година. На интернет кружат снимки на кои наводни ‘шеици’ тепаат девојки, ги шишаат и прават разни монструозни работи… Девојки, жени, нивни мајки! Не одете на такви настани поради пари. Може да бидете убиени!“

Опасна работа со високи цени

Како што пренесува SHOT, ваквите забави се популарен начин за заработка на млади модели од земјите на поранешниот СССР. За учество на една од овие вечери, девојките можат да добијат од 500 долари па нагоре. Сепак, постојат строги критериуми: девојките мора да бидат помлади од 23 години, да имаат најмалку 160 см висина, витка фигура и здрава кожа. Исто така, прекумерната употреба на ботокс не е пожелна – се претпочита природен изглед.

На Телеграм групите и форумите на модели сѐ почесто се зборува за сексуално ропство. Судбината на Марија Ковалчук, за жал, не е единствен случај. Сѐ повеќе девојки исчезнуваат или завршуваат претепани и злоставувани.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Сега пеат заедно на небото“: Објавени заеднички фотографии од Тоше и Андреј

Добра вест од Солун: Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, се опоравува по операцијата