Популарната пејачка Марија Шерифовиќ, која минатата година преку сурогат мајка стана мајка на синот Марио, открива како мајчинството ја променило и кои се нејзините визии за воспитување на својот син. Во разговор, таа искрено зборува за желбата Марио да расте подалеку од балканскиот систем на вредности, кој според неа, не го смета за соодветен.
„Ќе се потрудам да не расте на Балканот и да не биде дел од вредностите кои тука преовладуваат. Сакам да му ги пренесам вистинските вредности, различни од оние кои ги среќаваме тука,“ објаснува Марија. Иако малиот Марио сѐ уште нема наполнето ни една година, пејачката сериозно размислува за неговото идно образование и опкружување.
Марија, која е биолошка мајка на Марио, открива дека целата постапка била завршена во Америка и дека поради тоа не се соочила со никакви потешкотии.
Мајчинството како голема промена
Шерифовиќ открива дека мајчинството ја направило многу почувствителна и дека сега некои ситуации многу повеќе ја трогнуваат. „Станав толку поемотивна, како сунѓер што впива сѐ околу себе. Ова искуство ме менува на толку многу начини, заедно со Марио растам и јас,“ додава таа.
Во приказната, Марија ја истакнува и улогата на својата мајка Верика, која со радост го прифатила новиот статус на баба. „Верика е најсреќната баба во моментов, а и Марио е постојано насмеан. Тоа дете постојано се смее, буквално 24 часа на ден, а мајка ми не престанува да го учи да ја кажува зборот ’баба’,“ споделува таа со насмевка.
За сега, малиот Марио не оди во градинка, а Марија е благодарна за целата помош и поддршка од својата мајка, со која заедно го негуваат и уживаат во секојдневните моменти со својот наследник.