во , , , ,

Мајка ги истетовирала родендените на своите 7 деца за да не ги заборави: “Имам премногу обврски!”

Таа има 7 деца и тешко ѝ е да запамети на кој кога му е роденден поради многубројните обврски кои ги имала. Не е никаква тајна дека тетоважите остануваат на телото до крајот на животот, па поради тоа требала добро да размисли пред да го направи овој храбар чекор.

Мајката по име Кели од Манчестер сигурно нема да зажали за своите тетоважи, бидејќи ѝ помагаат да не ги заборави родендените на своите деца.

Имено, таа има седум деца и вели дека поради многубројните обврски тешко ѝ е да запамети на кое дете кога му е роденден, па одлучила да ги истетовира нивните датуми.

“Ве молам да не ми судите. Имам премногу обврски и ова беше совршен начин да не ги заборавам нивните родендени”, објаснила Кели.

Кели ги открила имињата на децата, на социјалната мрежа Тик Ток, воедно изненадувајќи ги фановите дека во јули слават дури три родендени.

“Три родендени славиме во јули и тоа во истата седмица. Тоа е напорно, но вреди за нивните насмевки”, рекла мајката.

“Планираме уште едно дете и не знам дали би застанале на бројот 8”, споделила мајката.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Луѓе споделуваат фотографии: „Како реагира мојот миленик кога ненадејно ќе го бакнам?“

КУРС ЗА МАЖИ: Уписите се во тек…