Мајк Тајсон, еден од најпознатите боксери во историјата, имал можност да се појави во легендарниот филм Роки, но ја одбил понудата од Силвестер Сталоне. Причината? Желбата целосно да се фокусира на својата боксерска кариера, која во 1986 година беше во подем откако ја освои WBC титулата со победа против Тревор Бербик.
Како се одвила средбата?
По борбата, додека Тајсон разговарал со неговиот менаџер Рори Холовеј во хотелско лоби во Лас Вегас, пријде Силвестер Сталоне.
„Сталоне му честиташе на Мајк и го покани да глуми во следниот филм Роки“, изјави Холовеј. Но, одговорот на Тајсон бил краток и јасен:
„Ќе ме истепаш во тој филм?“ – прашал Тајсон. Кога Сталоне потврдил дека сценариото тоа го бара, Мајк одговорил: „Не, не би ти дозволил да ме истепаш ни на шега.“
Животот со Тајсон – „апсолутен хаос“
Рори Холовеј опиша како било да се биде менаџер на боксерот, кој во тоа време беше глобален феномен. „Не можеше да се оди никаде со него. Луѓето буквално застануваа во место за да го видат,“ изјави тој.
Сепак, славата и богатството носеле и огромен притисок. „Мајк беше импулсивен. Некогаш беше тешко да се направат планови со него, бидејќи тие важеле само две минути,“ се сеќава Холовеј.
Тајсон денес – нов предизвик
И покрај долгата пензија, 58-годишниот Тајсон утре ќе влезе во рингот против помладиот боксер и инфлуенсер Џејк Пол. Ова ветува интересен дуел, бидејќи Тајсон продолжува да го привлекува вниманието на јавноста дури и децении по неговите најголеми победи.
Дали можеби ќе видиме филмска кариера за Тајсон во иднина, останува да се види. Но, едно е сигурно – легендата на рингот секогаш ќе биде подеднакво впечатлива и надвор од него.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден