Теоретичарите на заговори добиле нова тема за која изгледа уште долго ќе се расправаат. Имено, на интернет се појавило видео на кое се гледа мистериозна дупка на Антарктикот кој изгледа како огромен влез во пештера.
Оваа огромна мистериозна дупка повторно е забележана на Google Maps, што предизвикало голема расправа на интернет, пренесува “Sputnik”.
До ова откритие, чија автентичност не може да се потврди, дошле авторите на Youtube каналот “ThirdPhaseFromTheMoon”, кои на 14-ти декември објавиле видео-снимка на која се гледа џиновска пештера. Две работи им биле чудни – потеклото на овој бизарен влез и неговата импресивна големина.
Користејќи “Google Maps”, Блејк и Брет Кузинс покажале дека дупката прв пат се појавила во 2007-ма година и исчезнала само неколку месеци подоцна. Тие изнеле уште еден детаљ, а тоа е дека таквата џиновска градба, висока 83 метри и широка 75 метри, не постоела во 2006-та година.
Како што навеле, во пештерата би можеле да влезат стотина, ако не и неколку илјади луѓе. Зборувајќи за потеклото на дупката, Брет Кузинс рекол дека таа би можела да биде резултат на природата.
Укажале на необична структура која водела до влезот.
“Тоа е доволно големо за вселенско летало, па можеби и летало на нашата војска да влезе внатре. Дали е ова база?”, се запрашал Брет Кузинс.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден