во ,

Мите отишол на очен доктор и се пожалил: Докторе помагај…

Мите отишол на очен доктор и се пожалил:

– Докторе помагај. Имам голем проблем.

Докторот му рекол да седне и го запрашал:

– Добро кажи ми што те мачи?

Мите само ги подигнал рамењата и рекол:

– Па знаеш што ме мачи, не гледам добро веќе. Кога ќе седнам во кафеана неможам да видам кој поминува од другата страна на улицата.

Докторот го прегледал и го испратил да направи уште неколку испитувања.И кога ги добил резултатите му рекол на Мите:

– Мите, не е добро. Навистина ли не гледаш како порано?

Мите климнал со главата,а докторот продложил:

– Добро.Тогаш ќе треба да ја смениш прехраната,не смееш да јадеш мрсна храна,нема да јадеш солено,нема алкохол,нема слатки работи.

Мите,го погледнал,се почешал по главата и станал:

– Знаеш што докторе,ќе си одам дома и да ти кажам право,баш ми е гајле кој поминува од другата страна на улицата!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Постар човек вика по такси: Тахи, тахи…

28 Многу редки сцени што треба да се видат барем еднаш