во ,

Мицкоски за градоначалникот на Кочани: Ако згрешил, ќе одговара, па макар и „Свети ВМРО“ да е!

Обвинителството ќе ја утврди одговорноста на градоначалникот на Кочани. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој одговараше на прашање за одговорноста на Папазов за пожарот во дискотеката.

Мицкоски рече дека надлежните ќе ги проверат сите документи во Општината.

Реклама

Тој посочи дека никој нема да биде заштитен. Секој со вина за настанот ќе одговара.

„Градоначалникот во оставката напиша дека стои на располагање. Не бега. Тука е. Денеска истражните органи ќе влезат во Општината. Ќе ги проверат сите документи. Ако мислите дека го штитиме затоа што е од ВМРО-ДПМНЕ, се лажете. Никој нема да штитиме. Па макар и ‘Свети ВМРО’ да е, и јас да сум, сестра ми, брат ми, ќе одговара ако има вина“, рече Мицкоски.

Според него, ќе има кривична одговорност за сите. Не треба да се шпекулира.

„Кривична одговорност ќе има за сите. Ако треба морална или политичка, удрете на мене. Јас сум тука. Ќе се соочам со сиот предизвик. Но, прво ќе ги поразам, како што многу пати сум ги поразил. Потоа граѓаните ќе судат кој треба да одговара. Ве молам, не шпекулирајте. Не креирајте информации без врска со вистината. ‘Свети ВМРО’ да е, ако згрешил ќе одговара. Тоа го покажавме и докажавме“, порача Мицкоски.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Извинете, браќа Македонци“: Реакции од Србија за посетата на Вучиќ на повредените

Бомба до бомба: На 50 метри од пеколот во Кочани имало нелегален склад со гориво!