Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека верува оти зголемените царини од страна на САД за увоз на македонски производи се резултат на грешка или погрешни информации и дека очекува нивна скора корекција.
Тој нагласи дека интензивно се работи со американските партнери на ова прашање.
„Ние работиме со нашите партнери САД и очекувам многу скоро да се коригира ова кое што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешни информации, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките“, појасни Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Во однос на економските последици од овие царини, премиерот предупреди дека секундарните ефекти би можеле да бидат позначајни од директните, особено ако не се надмине спорот меѓу земјите од Европската Унија и САД.
Мицкоски потсети дека Владата и американските институции се во постојана комуникација, вклучувајќи ги министерствата за економија и финансии, Стејт Департментот и кабинетот на претседателот Доналд Трамп. Тој потсети дека минатата недела САД воведоа царини за увоз од 180 земји, меѓу кои и Македонија, со стапка од 33 отсто.
И покрај воведените царини, македонската влада претходно изрази уверување дека директното влијание врз економијата нема да биде големо и дека постои план за справување со ситуацијата, апелирајќи да не се создава паника.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден