во

Млади пар пронашол тајна стара 100 години под кујнскиот под

Млад британски пар, кој неодамна купил куќа, останал во неверување откако започнале со реновирање и направиле неверојатно откритие под стариот кујнски под.

Рис Штајнер (27) и Ема Харисон (28) го купиле домот, изграден во 1897 година, и веднаш започнале обемни работи, кои вклучувале и реновирање на кујната. Додека го отстранувале стариот под, налетале на необичен капак. „Обожаваме стари куќи, но ова навистина нè изненади“, изјавила Ема.

@victoriahouseinthehills Replying to @Karma Replying to @Karma Overdue well update! 💧 #renovation #renouk #amazingfinds #historical #discovery #weirdfinds #periodproperty #renovationproject #renovatingourhome ♬ original sound – Victoria House

По подигнувањето на капакот, откриле длабок бунар, кој веројатно бил изграден заедно со куќата пред повеќе од 120 години. „Старите сопственици го покриле бунарот, за жал“, додала Ема. Според нив, бунарот бил користен за снабдување со вода, а тоа значи дека бил стар 127 години.

@victoriahouseinthehills Investigating the well under our kitchen floor 💧 #renovation #victorianhome #victorianrenovation #victorianrenovationuk #DIY #hiddengem #quirkyhouse #welltok #waterwell ♬ A Day in My Life – Soft boy

Парот го споделил откритието на TikTok, каде нивните снимки брзо стекнале милионски прегледи. Корисниците на социјалните мрежи изјавиле дека се шокирани од откритието.

Ема планира да го осветли бунарот и да го заштити со стаклена преграда, претворајќи го во уникатен декоративен елемент во нивната кујна. „Ќе го направиме сами, така што ќе потрае малку подолго“, изјавила таа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стара слика од Александра Пријовиќ ги запали социјалните мрежи!

Милионер и купил остров за да може да носи бикини на мира: Раскошниот живот на една домаќинка од Дубаи