Иако за многумина „никнал“ преку ноќ, мостот всушност се градел од 2017 година. Долг е 100 метри, а се издигнува на максимална висина од 140 метри.
Мостот Руји во долината Шенџијанџу во кинеската провинција Жеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи.
Поради единствениот дизајн многумина помислуваат дека не е реален туку „плод“ на нечиј труд на Фотошоп.
Но, овој стаклен мост кој што е составен од три дела навистина е реален.
Откако е отворен во септември 2020 година за јавноста го посетиле околу 200.000 Кинези.
Највисокиот дел од мостот е всушност високиот лак до чиј врв водат скали.
Името, но и обликот го добил по истоимениот церемонијален жезол кој што во кинеската култура е знак за моќ и среќа.
Необичната метална структура на мостот ја проектирал Хе Јунчанг кој што го потпишува дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, а кој уште се нарекува и „Птичјо гнездо“.
Како изгледа кога ќе прошетате по мостот Руји погледнете во видеото:
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден