во ,

Може ли до Аеродром? Колку ќе ме кошта?

Таксист му раскажува на свој колега:

-Качувам една девојка од Карпош 4. Таа ме прашува:

-Може ли до Аеродром? Колку ќе ме кошта?

Јас и велам:

-Сигурно околу 200 денари.

-Ама, имам точно 200 денари, да не излезе повеќе ќе нема да можам да ви платам! – ме предупредува.

Ја прашав:

-Тогаш зошто се качувате во такси, ако немате пари? Сега, ако излезе сметката 240, што ќе правите?

А таа ми одговара срамежливо:

-Тогаш … Ќе треба да ви посвирам.

-На што ќе ми посвирите? – ја прашувам.

-Па, на кавалот.-и наведна глава.

-Ја гледам, ми изгледа интелигентна жена, не и личи да зборува такви работи, но од љубопитност решив да ја однесам.

-И што се случи потоа? -прашува колегата.

-Па во Центар не фати голема гужва..ужас. Кога стигнавме во Аеродром, таксиметарот покажуваше 280. И велам:

-И сега што правиме?

-Ќе ви посвирам! – ми одговори таа. Бараше во чантата и извади од внатре еден кавал. Почна да свири, и кога ми исвири една мелодија го врати кавалот во чантата и ми рече: “Убав ден!” и си замина…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Перо се шета по улица и гледа еден просјак. Му дава 100 денари…

Елен влегол во училиште и напавил хаос во просториите