Фотографијата на детето со „кисела“ насмевка веќе долго време е хит на социјалните мрежи, а Давид Вујаниќ кој всушност се наоѓа на фотографијата која настанала во 2000 година, за „BuzzFeed“ открил која е приказната зад неа.
Вујаниќ во епизода од серијалот „I Accidentally Became A Meme“ открил дека потекнува од Србија и дека во 1998 година дошол во Велика Британија како бегалец заедно со своите родители.
„Моето детство беше необично. Бев бегалец, моето семејство се отсели во текот на војната во Југославија и кризата која се случуваше. Во 1998 година дојдовме во Велика Британија“, вели Давид.
Објаснил дека фотографијата настанала во текот на фотографирањето на училиште на крајот од учебната година:
„Се сеќавам дека фотографот ми велеше широко да се насмеам, а мене тоа ми беше помалку иритантно. Јас сум од Балканот, имам српско потекло, ние не сме баш луѓе кои многу се смеат, особено ако се обидуваш да нè натераш да се насмееме“.
Вујаниќ открил и дека во детството имал проблеми со авторитетот и поради тоа на фотографот одлучил да му покаже само дел од неговата насмевка. Благодарение на тоа, фотографијата стана особено популарно меме, а најчесто е користена во контекст на опишување на „насмевка на белец“ и типичен Британец.
For those that still don’t believe me…have a nice pic.twitter.com/sy5t3PLDEd
— VUJ (@DavidVujanic) December 30, 2020
„Мене ми е во ред тоа што фотографијата стана стереотип за насмевка на еден типичен Британец“, вели Давид.
Исто така, открил дека погрешно му го напишале презимето во алманахот – Вујани, поради што имал прилично незгоден прекар…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден