во ,

Момче колку изнесува твојата месечна плата?

Газдата на една фирма, одлучил да му го препушти бизнисот на својот син, кој веќе дипломирал. Првата задача му била да го намали бројот на вработените.

Влегол во фирмата и почнал да ги набљудува работниците. Гледа дека сите работат освен еден, кој стоел до радијаторот во ходникот и гледал низ прозорецот.

Доаѓа до него и го прашува:

– Момче колку изнесува твојата месечна плата?

– Па околу 20 000 денари!

Синот на газдата извадил од џебот пари и му рекол:

– Еве ти 20 000 плата за овој месец и еве ти уште 50 000 денари и повеќе да не доаѓаш на работа.

Момчето ги зело парите и насмејано си заминало од фирмата. А синот на газдата, воодушевен од својата постапка, се свртел кон другите работници и им рекол:

– Вака ќе биде со секој што нема да работи, а сега нека ми го каже некој името на момчето за да го одјавам.

Сите молчеле освен шефот, кој собрал храброст и му одговорил:

– Газда, тоа беше Трајче, работи како доставувач на пица.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се извинувам господине, долго време ми дававте по 200 денари секој ден, а сега само…

Томче е пијаница и он најубаво ќе ми каже дали е добра ракијата….