во ,

Моника Белучи ги воодушеви обожавателите со стари фотографии: „Вечна убавина“

Моника Белучи неодамна сподели на Инстаграм фотографии од пред неколку години на кои позира целосно гола, снимени од познатиот фотограф Паоло Роверси за октомвриското издание на Vogue Italia. Нејзината објава собра над 100.000 лајкови за само еден час, а во коментарите нејзините обожаватели ја пофалија нејзината природна убавина.

Фановите ја нарекуваат „најубавата жена на светот“ и ја истакнуваат нејзината „вечна убавина“, додека таа истакнува дека е помирена со процесот на стареење. Моника има истакнато дека одлучила да старее достоинствено, без естетски операции, што многумина го поздравуваат.

Моментално, Моника е во врска со режисерот Тим Бартон. Тие се запознаа на Канскиот филмски фестивал во 2006 година, а нивната врска започна минатата година. Белучи ќе се појави во неговиот филм „Beetlejuice 2“, кој ќе биде објавен во септември оваа година.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чудотворниот напиток кој ги чисти белите дробови и црниот дроб – козја сурутка

Овој викенд 39. издание на „Макфест“: Рекорден број на пријавени песни