во ,

МОЌНО: Ѕирнете во авионот со кој Трамп пристигна во Белград!

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се воведени вонредно зголемени мерки за безбедност поради пристигнувањето на Доналд Трамп Јуниор.

Авионот со кој пристигна најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави е ставен под посебна контрола на службите. Доналд Трамп Јуниор веднаш од белградскиот аеродром се упати на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Станува збор за авионот „Bombardier Global Express“ на германската компанија FAI.

Реклама

Станува збор за исклучително моќен авион кој може да прими 15 патници и 3 (или 4) членови на екипажот.

Авионот е опремен со камери, конференциска маса, ултра брз интернет, а неговите два ултра брзи Ролс Ројс мотори му помагаат да развие брзина до 900 километри на час.

Доналд Трамп Јуниор во Белград пристигна директно од аеродромот Палм Бич на Флорида. Полета синоќа по локално време во 19 часот, а летот траеше 9 часа и 51 минута. Во Белград слета утрово во 10:30 часот по наше време.

Тој од Белград ќе се врати директно за Флорида, а враќањето за Соединетите Американски Држави е планирано околу 21:30 часот.

Кој е Доналд Трамп Јуниор?

Доналд Трамп Јуниор е американски бизнисмен, медиумска личност и политички активист, најстариот син на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Како истакнат член на семејната деловна империја и јавна личност, Трамп Јуниор се докажа во повеќе различни области.

Тој е извршен потпретседател на компанијата Организација Трамп, во која од 2001 година активно учествува во управувањето со семејното деловно царство.

Во таа улога, тој е задолжен за проширување на бизнисот во секторите на недвижнини, малопродажба, хотелиерство.

Како клучен лидер во компанијата, Доналд Јуниор надгледува обемен портфолио на недвижнини и е вклучен во сите фази на развој на проекти – од евалуација на потенцијални зделки и планирање, преку изградба, брендирање и маркетинг, па до продажба и издавање на недвижнини.

Од самиот почеток, Доналд Јуниор беше вклучен во некои од најзначајните потфати на Организацијата Трамп. Започнувајќи на проектот Trump Place (West Side Yards) во Њујорк, учествуваше во реализацијата на една од најамбициозните и најуспешните станбени развојни иницијативи на Менхетн – проектот опфаќаше повеќе блокови, 17 згради и создаде целосно нова станбена заедница.

После тоа, го предводеше претворањето на познатиот хотел Делмонико во Њујорк во ултра-луксузен станбен кондоминиум Trump Park Avenue, кој се покажа како голем деловен успех на пазарот на недвижнини.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сведоштво од пеколот: Манев откри како Палевски ладнокрвно ја уби Вања преку перниче!

Сензационално: Манчестер јунајтед го руши Олд Трафорд и гради најголем стадион во Британија!