Актерот Едвард Фурлонг, роден на 2 август 1977 година, за првпат се појави на филмското платно во мегахитот „Terminator 2“, во кој ја играше улогата на Џон Конор, рамо до рамо со Арнолд Шварценегер.
Глумата на малиот дебитант ги воодушеви критичарите, а Едвард набрзо стана тинејџерски идол на многу деца ширум светот.
Помалку позната информација е дека во 1992 година снимил албум со наслов „Hold On Tight“ кој е објавен само за јапонскиот пазар.
Но, зад камерите неговиот живот веќе бил тежок. Родителите го изгубиле старателството над Едвард и за него се грижеле неговата тетка и полубрат од мајчината страна. Кога имал 16 години, бил интимен со учителката Џеклин Домак која била двојно постара од него, што довело до голема кавга со старателите и до тоа Фурлонг да издејствува еманципација на суд, односно независност од семејството иако е малолетен.
Тој ја запросил Џеклин која веќе работела како негов менаџер, но честите кавги довеле до прекин на врската во 1998 година. Таа подоцна го тужела, тврдејќи дека тој ѝ должи пари, но и дека бил физички насилен кон неа.
Едвард снимил спот за песната „Livin’ On The Edge“ на бендот „Aerosmith“, кој е единствениот спот од албумот „Get A Grip“ во кој главната ѕвезда не е Алиша Силверстон.
По улогата во филмовите „Brainscan“, „Little Odessa“, „Before And After“, повторно успеа да ги воодушеви критичарите со драмата „American History X“ во кој го играше средношколецот Дени Винјард.
По 2000 година, поради честите проблеми со дрогата и алкохолот, неговата кариера започна да оди во надолна линија. Снимил неколку филмови кои воглавно не биле прикажувани ни во кино. Требало да го игра Џон Конор и во „Terminator 3“, но улогата му била доделена на Ник Стал без многу објаснувања.
Во 2004 година, Едвард бил уапсен поради сторен инцидент под дејство на алкохол во една продавница за деликатеси во Кентаки. Тој скршил аквариум со јастози и започнал да ги фрла низ продавницата, тврдејќи дека на тој начин ќе ги „ослободи“.
„Од 20 до 26-та година од животот бев на тешки дроги. Хероин и кокаин. Беше морничаво. До ден-денес не можам да сфатам што ме привлече бидејќи тоа е многу осамен живот. Постојано негде брзаш, одиш на забави и се дрогираш кај ќе стигнеш. Понекогаш се будам облеан во пот бидејќи сонувам дека повторно сум навлечен на кокаин“, рекол Фурлонг во едно интервју.
Зависноста го уништила и неговиот приватен живот. Едвард се оженил со актерката Рејчел Бела во 2006 година, но таа 3 години подоцна го обвинила дека го изложувал нивниот син Итан Пејџ на дроги. Тестот кој бил направен на 3-годишниот Итан покажал позитивни резултати на кокаин. На Фурлонг му било забрането да ѝ приоѓа на Рејчел и добил условна казна од 3 години.
Во март 2013 година беше осуден на 6 месеци затворска казна поради физички напад врз Моника Кина, поранешна негова девојка. На актерот му било понудено наместо затворска казна, да оди на рехабилитација, но тој одбрал затвор.
По тоа, на Фурлонг му се губи секаква трага во американскиот печат. За него се знае дека е жив, но не е познато каде ниту од што живее денес.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден