Мртов пијан човек доаѓа дома и влегува во бањата, случајно погледнува во огледалото и гледа некоја наказа, пијана, замачкана, со закрвавени очи.
– Јој, колку си грозен. Не можам да те гледам.
Удира со тупаница по огледалото, стаклото се крши и паѓа на подот. Погледнува надолу и вели:
– Извини, брате, не знаев дека носиш очила.