во ,

“Му оставив играчка за да не ме заборави”: Она што го направило детето за да го заштити своето куче од насилниот татко го расплака светот

Понекогаш мораме да донесеме некои одлуки кои не се едноставни дури и ако истите нѝ го кршат срцето, а во таква ситуација се нашол и 12-годишниот Андреас.

Тој на 13-ти февруари го оставил своето кученце пред азилот за животни “Ксолин” во Мексико за да го заштити од својот насилен татко.

Персоналот на азилот пред 10-тина дена ги затекнала кутија пред нивните простории на која било залепено писмо. Во кутијата пронашле прекрасен сив питбул териер со тажни очи и една играчка покрај него. Според ракописот, персоналот веднаш сфатил дека го напишало дете.

“Моето име е Андреас и имам 12 години. Мојата мајка и јас одлучивме да ви го оставиме кучето, но мојот татко да не дознае за тоа. Планираше да го продаде и постојано го тепаше, а еден удар беше толку силен што му ја повреди опашката. Се надевам дека ќе му помогнете и ќе се погрижите за него. Му оставив и играчка за да не ме заборави”, стоело во емотивното писмо на детето.

Вработените во овој мексикански азил биле воодушевени од храбриот потег на 12-годишното момче и веднаш ја споделиле приказната на својата Фејсбук страница. По објавата, луѓето ширум светот започнале да нудат помош, донации и дом за кученцето. Меѓутоа, оттаму велат дека тоа мора да посети ветеринар за детален преглед.

“Мора да го прегледаат, особено неговата опашка бидејќи се сомневаме дека е скршена. Треба да се провери дали има паразити”, напишале од “Ксолин”.

Од азилот го нарекле кучето Рене, а изборот во потрага по безбеден дом е огромен со оглед на тоа што се јавиле повеќе од 300 луѓе кои сакаат да го вдомат.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новинар во живо известувал за снегот, а потоа го снашла ситуација која ги насмеа сите до солзи

24 Фотографии од уникатна мачка со „две лица“ и различни очи кои ќе ве освојат