Луѓето не сакаат да умрат како диносаурусите, па затоа НАСА планира мисија за тестирање на методите за потенцијално одбивање на астероид кој се движи кон Земјата, ако биде детектиран во иднина.
Под името „Тестот за двојно пренасочување на астероид“ (ДАРТ), програмата би можела да започне на 24 ноември или февруари идната година. По една година во транзит, ќе пристигне до целта – Диморфос, кој е астероид со средна големина и орбитира околу многу поголем астероид познат како Дидимос. Мисијата вклучува судир на вселенското летало ДАРТ со астероидот со брзина од околу 6,5 километри во секунда. Инаку, леталото ДАРТ има големина на автомобил. Ако сè помине добро, речиси 12-часовното орбитирање на Диморфос околу Дидимос ќе се промени на стапка на минути.
Пет години подоцна, друга мисија на Европската вселенска агенција ќе ги испита последиците за да се види дали планот бил успешен. Додека влијанието треба да има само минимален ефект врз астероидот, треба да е доволно приспособување за да го одбие астероидот од патот на Земјата во иднина. Но, овој метод функционира сако ако предвреме знаеме дека астероидот се движи кон нас.
– Го правиме ова за да бидеме во можност да спречиме навистина ужасна природна катастрофа – истакна Том Статлер од НАСА.
Научниците истражувале што може да очекуваат од промената на траекторијата на Диморфос, но не пронашле начин да документираат или целосно да предвидат како ќе се однесува астероидот по импактот.
Истражувајќи го ова прашање, во нов труд се опишани првите симулации со кои е направен обид за исцртување слика од Диморфос по судирот. Во студијата истражувачите го моделирале степенот до кој ДАРТ може да го забрза или забави вртењето или ротацијата на Диморфос преку пресметување на моментумот на колизијата и како тоа ќе ги промени скршнувањето од курсот, осцилацијата и движењето на астероидот. Нивниот заклучок посочува хаотичен резултат.
– Може да почне да се врти и да влезе во хаотична состојба. Ова беше навистина големо изненадување – велат тие.
Исто така, вртењето може да создаде забележливи предизвици. На пример, тоа би го зголемило нивото на тешкотии за слетување на астероидот, цел која ЕСА ја има за две мали вселенски летала во мисијата Хера. И, што е уште поважно, хаосот може значително да ги искомплицира идните обиди за одбивање на астероидот, ако првиот удар не го даде посакуваниот ефект.
Штом еднаш леталото ќе удри во астероидот, енергијата на судирот ќе биде речиси иста како експлозија на три тони ТНТ, со што низ вселената ќе се распрскаат илјадници делчиња отпад. Статлер во извештајот наведува дека тој ефект ќе биде како количка за голф да се движи со брзина од 15.000 милји на час и да удри во страничниот дел од стадион. Иако влијанието нема да создаде промена во вртењето на астероидот која би можела да се види веднаш, сепак ќе создаде промена во следните денови.
Ова може да биде многу кул проект за да видиме како би можеле да се спасиме од астероид, но ќе донесе и многу проучувања на сложени феномени, што бара големо познавање на физиката.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден