Наставникот влегува во училницата и ги затекнува сите ученици во клупите освен еден, кој нешто работи во аголот на училницата.
– ТИ! Ти што правиш таму позади! Кажи ми што знаеш за француската револуција!
– Не знам ништо…
– Која година почна Првата светска војна?
– Илјада триста…
– Седи! Еден! Како се викаш?
– Трпе.
– Па те нема во дневникот!
– Па ме нема, мене ме испратија да го поправам радијаторот!