во ,

Наставнички ги претвораат школските клупи во џипови за децата да не се чувствуваат изолирано

Пандемијата нè натера да направиме и реформи во образованието, а овие две наставнички ја покажале креативноста и љубовта кон децата за да не се чувствуваат изолирано во овие тешки времиња.

Пред некој ден се донесе одлука кај нас, во Македонија, наставата да се одвива онлајн, но децата од прво до трето ќе имаат опција и за настава со физичко присуство.

Но, во САД, сите деца мораат да одат на училиште, па наставниците се соочени со тешка задача – да го заштитат здравјето на своите ученици. Две наставнички во прво одделение смислиле навистина креативен начин да го постигнат тоа.

Училиштата во САД сега се опремени со пластична прегради кои се инсталираат на секоја клупа. А, наставничките Патриша Дови и Ким Мартин ги искористиле преградите за да ја направат училницата уште позабавна за нивните ученици.

Со помош на картон, секој клупа ја претвориле во мал џип, така што преградите изгледаат како прозорци.

„Што и да направиме за да додадеме малку забава ќе биде многу важно за оваа долга учебна година“, изјавила Патриша.

Наставничките предаваат во прво одделение во училиште во Флорида, а идејата ја добила Патриша. Таа видела нешто слично во училиште во Тексас, а бидејќи многу сакала џипови, решила веднаш да го проба тоа и во нејзиното училиште.

Како што напоменавме, преградите се овозможени од училиштето, но „џиповите“ ги направиле Патриша и Ким, со пари од нивниот џеб.

„Шарено е и весело. Ако можеме да ги натераме децата дека е забавно да се седи во џип од картон, тогаш можеби полесно ќе ја извршуваме наставата“, вели Ким.

Тие сакале да ги вклучат и децата во овој креативен проект, па секое од нив самото ќе си ја направи „регистарската табличка“ за „џипот“.

На наставничките им било јасно дека периодов децата се исплашени, па сакале да ја претворат училницата во удобно катче, каде што учениците ќе се чувствуваат безбедно.

„Се чувствувам подобро што има прегради на клупите, но бев загрижена како ќе се чувствуваат децата кога ќе ги видат“, вели Патриша.

Патриша и Ким дефинитивно завршиле одлична работа, а можеби идејава ќе им се најде и на нашите наставници.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реши да јаде и вежба како Џејсон Стејтам само на еден ден, еве како тоа изгледа

11 Фото докази дека не треба да го потценувате сонцето – најсмешни и најболни изгореници