во

Наташа Беквалац со емотивна порака: „Те сакам, најдобра мајко!“

Познатата пејачка Наташа Беквалац повторно ги трогна своите следбеници на социјалните мрежи со емотивна објава посветена на својата мајка, која денес го слави својот роденден.

Наташа, која долго време не е во врска, редовно истакнува дека нејзината сила и љубов доаѓаат од семејството. Во кругот на своите деца, сестри и мајка, таа наоѓа неизмерна поддршка и топлина.

На својот Инстаграм профил, Наташа објави фотографија со својата мајка и под неа напиша трогателна порака:
„Мамо моја, среќен роденден! Сè што сум, но и што не сум, ти го должам тебе. Благословена сум што токму тебе те избрав за мајка. Ти си мојот темел, најдобра мајка на светот. Те сакам безгранично!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Освен Наташа, и нејзината сестра Драгана сподели емотивни зборови за мајка им на социјалните мрежи. Таа ја истакна нејзината издржливост и сила низ животните предизвици:
„Мојата мајка, мојата кралица, најголемата инспирација во мојот живот. Животот не беше лесен за неа, но никогаш не застана, а камоли да падне. Живеј ни уште долго, храбра и несаломлива Мими!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

Семејството Беквалац уште еднаш покажа дека љубовта и поддршката се најважните вредности, а денешниот ден го направија уште поспецијален со своите искрени изјави.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фредерик – Најубавиот коњ во светот што ги воодушевува сите

Јелена Карлеуша открива детали за својот „супермоќен“ нов дечко