Научниците неодамна открија неверојатно парче историја – најстарото сирење на светот, пронајдено околу вратот на мумија во Кина. Ова сензационално откритие, кое датира од пред 3.600 години, беше направено во 2003 година за време на археолошките ископувања на гробиштата Ксиаохе во регионот Ксинџијанг, Кина. Во текот на ова ископување, истражувачите откриле ковчег со мумифицирана млада жена, на чиј врат бил поставен предмет што во почетокот изгледал како парче накит.
Но, по подетална анализа, научниците утврдиле дека не станува збор за накит, туку за тврдо, суво парче сирење. Според „Скај њуз“, ова парче сирење е сега официјално прогласено за најстарото сирење откриено на планетата. Иако типичното сирење обично е меко, ова сирење е значително променето поради минатото време и сега има сува и тврда структура. Ова го потврдува и Киаомеи Фу, палеогенетичар од Кинеската академија на науките во Пекинг, која за „Ен-Би-Си њуз“ објаснува дека сувата клима на пустината Тарим Басен одиграла клучна улога во неговото зачувување.
Иако е познато дека луѓето одамна го користат сирењето, историјата на неговото производство сè уште е загатка за научниците. Во студијата објавена во списанието Cell, истражувачите истакнуваат дека „историјата на ферментирани млечни производи во голема мера е изгубена во антиката“, и дека пронаоѓањето на вакви примероци е неверојатно ретко. Според нив, овие остатоци од сирење, кои се стари околу 3.500 години, се меѓу најстарите зачувани млечни производи во светот.
Киаомеи Фу и нејзиниот тим земале примероци од три различни гробници на гробиштата Ксиаохе и вршеле ДНК-анализа на бактериите присутни во сирењето. Целта на нивното истражување била да се следи еволуцијата на бактериите што биле дел од процесот на ферментација. Примероците покажале дека сирењето било направено со користење на зрна кефир – традиционален метод на ферментација на млеко. Освен тоа, откриени се и траги од козјо и кравјо млеко, што укажува дека ова сирење било произведено од мешавина на млека.
Истражувањето покажало дека и покрај генетската нетолеранција на лактоза кај луѓето од бронзеното време, тие сепак консумирале млечни производи пред да постојат процесите на пастеризација и ладење. „Овие примероци од кефирско сирење стари 3.500 години се меѓу ретките зачувани остатоци од млечни производи од тоа време“, објаснуваат научниците. Според нив, популацијата Ксиаохе, која имала мешани животни стилови и техники, била способна да произведе млечни производи, и покрај тоа што имале тешкотии да ги варат.
На прашањето од „Ен-Би-Си њуз“ дали сирењето би можело да се јаде и дали би го пробала, научничката Фу со насмевка одговорила: „Нема шанси“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден