Поминаа децении откако австралискиот тилацин, познат и како тасмански тигар, беше прогласен за изумрен. Но, научниците сега се на чекор до негово оживување благодарение на значителен напредок во генетичките истражувања. Овој историски потфат може да го врати славниот месојад назад во екосистемот, по долгогодишни напори на научни тимови од целиот свет.
Американската биотехнолошка компанија Colossal Biosciences објави дека реконструкцијата на геномот на тилацинот е околу 99,9% завршена, со само неколку преостанати празнини. Со дополнително секвенционирање во следните месеци, тие се надеваат дека целосно ќе го затворат генетскиот код.
Во соработка со “UCSC Paleogenomics Lab”, научниците успеале да изолираат долги молекули на РНК од зачувана глава на тилацин стара 110 години, која е чувана во етанол. Овие ретко зачувани примероци се клучни за следните фази од проектот.
„Примероците што ги користиме се меѓу најдобро сочуваните што некогаш сме ги анализирале“, вели д-р Бет Шапиро, главен научен директор во Colossal и директор на лабораторијата за палеогеномика при Универзитетот во Калифорнија. Овие напредоци ја отвораат вратата за длабински анализи на генетските механизми на тилацинот.
Напредок кон оживување на изумрените видови
Зачувувањето на целата глава од тасманскиот тигар овозможило пристап до важни ткива како јазикот, носната шуплина, мозокот и окото. Овие проучувања ќе им помогнат на истражувачите да разберат како функционирале сетилата на животното, односно неговата способност за вкус, мирис и вид.
„Секој ден сме сè поблиску до моментот кога ќе можеме да го вратиме тилацинот во природата“, изјавил д-р Ендрју Паск, член на научниот советодавен одбор на Colossal и истражувач од универзитетот во Мелбурн.
Дали воскреснувањето на тилацинот е иднината на биолошката конзервација?
Еден од најголемите предизвици во процесот на оживување е наоѓање соодветен сурогат за репродукција. Најблискиот жив роднина на тасманскиот тигар е мал торбар наречен дебелоопашест дунарт, кој, иако е далеку помал од тигарот, може да послужи како важен сурогат за репродукција.
Овој проект е револуционерен во светот на биотехнологијата и поставува нови прашања околу етиката и можностите за воскреснување на изумрените видови, но и за иднината на конзервацијата на живите видови.
Тасманскиот тигар наскоро би можел повторно да чекори низ дивината, отворајќи нови можности за научните истражувања и зачувувањето на природата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден