во ,

„Нашата светлина згасна“: УАКС со емотивна порака за нивната трагично почината студентка Ана!

„Денес со тешко срце се збогуваме со нашата драга Ана. Таа беше наша студентка, другарка и дел од УАКС семејството. Неизмерно тагуваме по огромната загуба на нејзиниот млад живот. Тој беше исполнет со многу светлина. Таа нѐ грееше сите нас секојдневно“, велат од Универзитетот „Американ Колеџ Скопје“.

Ана ќе ја паметиме по нејзината добрина. Таа несебично ја делеше со сите. Ќе ја паметиме по нејзината топлина како човек и пријател. Но, и по нејзината амбиција, таленти и љубов. Таа имаше љубов за сите и за сѐ што правеше. Нејзиното присуство беше вистинско богатство за сите кои имаа чест да ја познаваат. Нејзиното отсуство ќе биде гласно. Ќе го чувствуваме сите многу долго и длабоко.

Во овие моменти на огромна тага, нашите мисли се со нејзиното семејство. Со нејзините пријатели и сите оние кои ја познаваа и ја сакаа. Споменот на нашата Ана нека ни даде сила. Сила да бидеме солидарни. Да подадеме рака и да бидеме поддршка за оние на кои најмногу им треба.

Во отворената Книга на жалост, денес и во деновите што следат, ќе ги запишеме нашите мисли и молитви. Ќе ја споменеме нашата другарка.

Почивај во мир, мила наша Ана. Засекогаш ќе останеш дел од нашите срца и од нашата приказна“, велат од Универзитетот „Американ Колеџ Скопје“.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

„Се бориш како лав!“: српската пејачка со трогателни зборови за повредениот Панчо од ДНК!

Македонија во солзи: Последно збогум за 59-те ангели од Кочани!