во , ,

Највалканата жена на светот открива зошто не се тушира, не мие заби и како ја крие смрдеата!

Британската новинарка и инфлуенсерка Анабел Фенвик Елиот отворено признава дека не сака туширање, не користи дезодоранс и ретко мие заби – и не гледа во тоа никаков проблем. Нејзините искрени исповеди на TikTok станаа вирални, а неочекувано голем број луѓе го поддржуваат нејзиниот неконвенционален пристап кон хигиената.

Нејзината исповед ја пренесуваме во целост.

“Кога би слушнале дека не користам сапун, ретко чешлам коса, често заборавам да мијам заби и понекогаш не се туширам цела недела, веројатно би помислиле дека сум или бездомник, зависник или ментално нестабилна личност.

Но не сум ништо од тоа. Не се капам секојдневно исклучиво од личен избор. А ако мислите дека сум некоја хипи поборничка на алтернативни движења, грешите. Не верувам во хомеопатија, хороскопи ниту идеологијата на Extinction Rebellion движењето. Не сакам ни кампување.

Меѓутоа, се согласувам со советите кои на почетокот на месецот ги издаде француската влада – луѓето премногу често ја перат облеката. Француската Агенција за еколошка транзиција предизвика бура со изјавата дека луѓето треба да носат фармерки еден месец, маици пет дена, а спортска облека три дена пред да ги стават во машина. Целта? Заштеда на вода, намалување на загадувањето и продолжување на векот на траење на облеката.

Јас сум мајка на двегодишно дете, работам од дома и живеам на село со куче, две мачки и три кокошки. Ним им е сосема сеедно како изгледам, а и мене исто така. Дезодоранс користам единствено кога одам во супермаркет. Личната хигиена е на последно место на мојата листа на приоритети.

Пред да добијам дете, почнав да ги документирам своите „одвратни” навики на TikTok и за само една недела собрав повеќе од половина милион прегледи. Изненадувачки, повеќето коментари беа поддршка, што значи дека можеби и не сум толку чудна како што мислев.

Во тие видеа (а ништо не се смени ни откако родив) признав дека живеам сама, ретко се гледам со луѓе и затоа не гледам потреба да се туширам.

Туширање? Ладно, непријатно и беспотребно

Не ми се допаѓа чувството на вода на себе – посебно не зиме. Не ми е пријатно да се наквасам, смрзнам, исушам и потоа пак да облечам некоја варијација на иста комбинација: хеланки и мека маица или пижами ако се чувствувам посебно луксузно. Ако не се туширам секој ден, не морам ни да менувам облека – и мене тоа ми одговара.

Не ја чешлам косата, туку едноставно ја собирам во пунџа кога ќе стане премногу заплеткана. Не користам дезодоранс бидејќи не гледам поента, освен ако некого среќавам. Како компромис, држам шише освежувач за воздух во приземјето за случај да морам да потпишам пакет од поштарот – што е ретко.

Можеби несвесно подлегнав на теориите дека постојаното мачкање на телото со хемикалии не е добро за нас. И додека науката не докажува поврзаност на алуминиумот во дезодорансите со рак, мене ми делува неприродно секојдневно да ги блокирам потните жлезди.

Ние сме единствениот вид кој е толку опседнат со отстранување на природниот мирис на своето тело. Ветеринарите дури советуваат да не ги капеме милениците премногу често, бидејќи тоа им го нарушува балансот на кожата и природните масла.

А и до пред само 200 години, луѓето се капеле ретко – само богатите имале пристап до редовни бањи. Туширањето станало популарно дури во 19-ти век. Не тврдам дека треба да живееме како средновековни селани, но мислам дека модерната опсесија со хигиената е повеќе производ на маркетинг отколку вистинска потреба. Не живееме подолго и не сме поздрави поради сапуни и дезодоранси, туку поради чиста вода и модерна медицина.

Не се гордеам со тоа што не ги мијам забите често

За разлика од туширањето, знам дека немиењето заби не е добра одлука. Но едноставно не сакам да ги мијам веднаш по станувањето бидејќи тогаш храната има грозен вкус. А не би требало ни веднаш по јадење, бидејќи така храната само се размачкува по забите – така ми кажа стоматолог. До моментот кога ќе се сетам да ги измијам, веќе е време за следниот оброк. Така да, еднаш дневно е максимум.

Морам да напоменам дека не дозволувам мојот начин на живот да им пречи на другите. Кога живеев во Лондон и работев во канцеларија, се туширав повеќето работни денови, користев шминка и барем сув шампон. Кога мојот сопруг е дома (моментално работи во странство), ги мијам забите два пати дневно и го трпам вкусот на пастата за заби.

Но штом замине, сè се враќа на старо – четката за коса собира прашина, тушот останува осамен, а машината за перење се прашува дали сум лута на неа.

Не сум единствената која мисли вака

Позитивниот одзив што го добив на TikTok може да значи две работи – или алгоритмот ме спојува со истомисленици кои се исто така „неуредни“ како јас, или по пандемијата многу луѓе се ослободија од опсесијата со секојдневно „дотерување“.

И знаете што? Баш ми е мило поради тоа.”

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сталоне откри дека Џенис Дикинсон му подметнала туѓо дете! Пластичните операции ја деформираа, банкротираше, а беше икона на убавината!

Револуционерен трик: Проверете дали јајцата се свежи со помош на вашиот мобилен!