во , ,

“Најгрешниот” град на пиратите од Карибите денес спие под морето

На источната страна на Јамајка се наоѓа градот Порт Ројал. Ако се најдете таму денеска, можеби нема да забележите ништо посебно. Пуста тврдина во океанот, по некое кафуле и видиковец. Но некогаш тука било многу живо – алкохол, коцка, проституција, робови, пирати – и сето тоа го носело прекарот – најопасен и најгрешен град на светот.

Не минало многу време откако Колумбо бил восхитен од Јамајка кон крајот на 15-тиот век, до нејзиното потпаѓање под англиска власт во 17-тиот век. Тогаш почнува големиот подем, пишува “Национална географија”.

Порт Ројал бил природно пристаниште на кое можеле да се закотват 500 бродови. Станал најголем град на Карибите, полн со можности – за припадници на различни слоеви од општеството. Богатите Англичани се богателе од продажбата на робови, а тука биле и пиратите кои постојано ги напаѓале и ограбувале шпанските бродови на соседните острови.

Четвртина од градот сочинувале кафулиња и бордели, а се зборувало дека пиратите во еден ден трошат на жени и алкохол повеќе од што еден селанец заработува во текот на целата година. Меѓутоа, тоа брзо ги носело до просјачки стап.

Каква анархија владеела, сведочи податокот дека во 1675-та година гусарот Хенри Морган станал пристанишен гувернер.

Изгледало дека ништо не е невозможно и дека градот е на врвот на светот.

Меѓутоа, едно утро на 7-ми јули 1692-ра година на Јамајка се случил силен земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала. Бидејќи пристаништето во главно било изградено на трусно подрачје во песок, зградите речиси во целост пропаднале во земја, поклопени од цунамито кое дошло по земјотресот. Околу 2.000 луѓе ги изгубиле животите, а локалните гробишта пропаднале во морето.

Едмунд Хит бил еден од преживеаните кои во тоа време бил на брод и се гледал од далечина. Го запишал ова: “Земјата се отвори и ги проголта луѓето пред моите очи. Морето се крена над ѕидините и сфатив дека бегство е невозможно.

Оние кои преживеале сметале дека станува збор за Божја казна.

Што останало денеска од сето тоа? Поголем дел од градот од 17-тиот ве денеска се наоѓа на дното на морето. Бидејќи не пропаднал во голема длабочина, на почетокот на 20-тиот век посетителите уште известувале за видливи кровови и делови на градот кои “ѕиркаат” од водата, а нуркачите “шетаат” низ неговите улици под водата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Објавена е листата со Xbox ексклузиви за оваа година

9 Неверојатни факти за Чиле кои ќе ги збунат повеќето странци